Точка и запирка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Точка и запирка (;) — интерпункциски знак. (Не се употребува како правописен знак.)

Кратки факти (;) Интерпункција, Одделување на зборови ...
Remove ads

Употреба

  • да се одделат независни реченици во составот на една сложена реченица составена од повеќе реченици, особено кога во нив има запирки;[1].

(На пример:) На постарите им е тешко да го држат чекорот со модерната технологија; со употребата на новите паметни телефони, таблети и лаптопи; со интернетот и социјалните мрежи; со сето она што за младите е секојдневие

  • кај независните реченици поврзани со сврзниците: но, ама, сепак, меѓутоа, кои влегуваат во составот на една поголема реченица, особено ако во реченицата има повеќе запирки; (На пример:) Ние му зборувавме, му укажувавме, го молевме; но ништо не помогна.
  • кај зависни реченици кои се однесуваат на една главна; На пример: Кога ќе научиш; кога ќе ги напишеш домашните задачи; кога ќе си ја средиш собата, тогаш може да излезеш.
  • кога следува дообјаснување или завршна мисла;

(На пример:) Марко, претседателот на класот; Весна, заменикот и Милена, благајникот; сите беа на состанокот.

Ги испековме пиперките, ги излупивме, Петре ги мелеше, Весна ги пржеше и мешаше; на крајот сите седнавме да го јадеме ајварот.

  • при набројување подолги несамостојни зборовни состави што содржат други интерпункциски знаци, особено запирки.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads