Трајко Прокопиев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајко Прокопиев (Куманово, 6 ноември 1909 - Белград, 21 јануари 1979 ) — македонски композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика. Се категоризира во првата генерација македонски повоени композитори. Познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела.[1]
Во негова чест е наречена наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело на македонските композитори.
Remove ads
Животопис
Прокопиев е роден во Куманово во 1909 г. Во 1934 г. завршува средно музичко училиште во Белград, во класата на Милое Милоевиќ. Работи како раководител на хорското друштво „Мокрањац“ и како учител во истоименото музичко училиште во Скопје. Потоа накратко работи како диригент во Лесковац, па заминува за Сараево, каде раководи со српското хорско друштво „Слога“. По Втората светска војна е назначен за прв директор на Средното музичко училиште во Скопје.
Со цел да го продолжи своето музичко образование, во 1946 г. заминува на Прашкиот конзерваториум, каде учи една година диригентство кај професорот Павел Дједечек. По завршувањето развива голема активност како шеф на Музичкиот оддел на Радио Скопје, работи како диригент на Симфонискиот оркестар, на Скопската опера и како директор на фолклорниот ансамбл „Танец“. Во тој период се истакнува и како автор на филмска музика, дебитирајќи во 1948 г. со музика за документарецот „Илинден 1948“.
Remove ads
Дела

Балети
![]() |
[[:File:TP-LiD.ogg|Свита од балетот „Лабин и Дојрана“]]
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Опери
- „Кузман Капидан“
- „Разделба“
Филмска музика
Remove ads
Музика во документарци
- 1956 „Птиците доаѓаат„ (диригент)
- 1961 „Градот на Вардар“ (диригент)
Награди
- 1977 „Сојузна награда АВНОЈ“ за придонес во македонската кинематографија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads