Туфахија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Туфахија
Remove ads

Туфахија — вид многу сладок десерт, колач, по потекло од Персија. На Балканскиот Полуостров дошол со турските освојувачи. Туфахија означува слатко јадење од варени јаболка во шеќер, филувани со ореви.[1]

Кратки факти Дел од оброкот, Место на потекло ...

Потекло на поимот

Thumb
Туфахија

Туфахија, множина туфахии. Потекнува од турското tṹffahiye, од арапското (تفاح (tuffàh) - јаболка).[1]

Подготовка

Туфахии се подготвуваат така што се лупат јаболката, се чистат од семките и се варат во слатка вода со додаток на сок од лимон.[2]

Филот се прави од: путер, мелени ореви или бадеми, павлака, шеќер и шлаг-пена. Таквиот колач се украсува со вишна на врвот, а може да се додава и џем од кајсии или друго овошје.

Посебно се прави филот тако што се мати путер, белка и слатка павлака. Во изматената смеса се додаваат по желба мелени ореви, мелени бадеми и мелено кафе, додека сè не се изедначи.

Со филот се полнат јаболките и се пресипуваат со шеќерен сируп (шербет) и се украсуваат со шлаг. На врвот на секоја вака прелиена јаболка се става вишна или цреша.

Туфахиите се служат ладни.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads