Фазил Ахмет-пашина џамија
џамија во Велес From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фазил Ахмет-пашина џамија или Црна џамија — османлиска џамија во градот Велес. Му припаѓа на Велешкото муфтиство на ИВЗ и прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] Ова единствената преостаната џамија во градот.
Џамијата е сместена на левиот брјаг на Вардар, во маалото Црна Џамија наречено по неа. Изградена е од големиот везир Ќопрулу Фазил Ахмед-паша во 1659 година[2] откако му починала единствената ќерка. Пашата ја подигнал џамијата до гробот на девојката, и според преданието од тага наредил да се изгради од црн камен, од каде доаѓа и нејзиното име. Денес градбата е малтерисана бело.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads