Хетеродоксија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во религијата, хетеродоксија или иноверие (од старогрчкиот: héteros, 'друг, различен, инаков' + dóxa, 'популарно верување') значи „сите мислења или доктрини што се спротивни на официјалната или ортодоксна позиција“.[1]
Хетеродоксија е исто така црковен жаргонски термин, дефиниран на различни начини од различни религии и цркви. На пример, во некои групи, хетеродоксијата може да ги опише верувањата што се разликуваат од строго ортодоксните ставови, но кои не се ниту формален ниту материјален вид на ерес.
Remove ads
Христијанство
Источно православие
Во рамките на Источната православна црква, терминот се користи првенствено во однос на христијанските цркви и деноминации кои не припаѓаат на заедницата на Источните православни цркви и кои застапуваат доктрини спротивни на прифатеното Свето предание.[2]
Протестантизам
Чарлс Спурџен изјавил:
[Ќе] најдете духовен живот во секоја црква. Знам дека фанатикот верува дека сите вистински побожни луѓе припаѓаат на деноминацијата што тој ја краси. Окртодоксија е мојата доксија; хетеродоксија е доксијата на некој друг кој не се согласува со мене.[3]
Remove ads
Ислам
Арапскиот збор гулат го користат шиитските муслимани за да ги опишат верувања што се сметаат за екстремно хетеродоксни (терминот има сличности со христијанската употреба на зборот „ерес“). Особено, терминот се користи за да се опишат верувањата на малцинските муслимански групи кои им припишуваат божествени карактеристики на член од семејството на Мухамед (особено на Али) или на раните придружници на Пророкот, како што е Салман Персиецот. Претпоставката е дека групите опишани на овој начин отишле предалеку и почнале да ги поврзуваат со Бога (ширк).
Remove ads
Хиндуизам
Главните школи на индиската филозофија кои ја отфрлаат апсолутноста на Ведите, вклучувајќи ги будизмот и џаинизмот, биле сметани за хетеродоксни од страна на хиндуизмот.[4] Во 2015 година, Врховниот суд на Индија пресудил дека хиндуизмот не може да се стесни на одредени верувања или доктрини, велејќи дека тој „ги вклучува сите форми на верување без да налага избор или елиминирање на кое било единствено верување“.[5]
Кина
Кон крајот на 1999 година, во Кина бил донесен закон со кој се забранувле „хетеродоксните религии“.[6] Ова било применето ретроактивно на Фалун Гонг, духовна практика воведена за јавноста во Кина од Ли Хонгџи (李洪志) во 1992 година.[7]
Наводи
За понатамошно читање
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads