Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Долно Клештино

црква во Долно Клештино, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Долно Клештиноmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Γεννήσεως της Θεοτόκου) — преродбеничка црква во селото Долно Клештино, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Thumb
Фреска со казните на грешниците во пеколот.
Кратки факти Рождество на Пресвета Богородица, Место ...

Според ктиторскиот натпис, црквата е изградена за време на митрополитот Неофит Мeгленски, веројатно во 1835 г. Според месното предание, на тоа место имало постар храм.[2] Според други податоци, подигната е во 1820 г.[3]

Црквата претставува еднокорабен храм со полукружна апсида, женска црква на запад и трем на запад и југ. Живописана е со фрески од 1844 г., дело на зографот Јован од тесалискиот град Трново според натписот на јужната влезна врата. Подоцна се зографисани претставите на пророците во осумаголната псевдокупола и фреската на Архангелите на јужниот ѕид однадвор.

Црквата е прогласена за заштитен споменик на културата во 1995 г.[2]

Во црквата се чуваат антички мермерни плочи со релјефи. Една од нив, чувана до 1912 г., имала димензии од 1 × 0,8 м и релјефен приказ на петчлено семејство со натпис Δώρον Δωροθέω („Давам дар“).[4]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads