Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сетоле

црква во селото Сетоле, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сетолеmap
Remove ads

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во тетовското село Сетоле, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се соочува со уривање на дотраениот покрив и уништување на самата црква.[2]

Главниот патрон на црквата се прославува на Мала Богородица на 21 септември.[3]

Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото, до патот кој води до селото.

Историја

Црквата била изградена во 1862 година на темели од постар објект.[4] Годината на изградба е запишана и на ниша над самиот влез во црквата.

Од 2024 година, за црквата постои иницијатива за донации за обнова на столбовите во самата црква и покривот, поради опасност од нивно уривање.[2]

Настани од 2001

За време на конфликтот од 2001 година, црквата во Сетоле не била поштедена од налетот на албанските банди.

Таа прво била насилно отворена, осквернавена, ограбена и демолирана. Оштетувања коишто биле направени во овој сакрален објект едно време го направиле неупотреблив. Иконостасот бил многу оштетен, а царските двери биле искршени и трајно оштетени и истите се фрлени на подот од црквата. По завршетокот на кризата во 2001 година, црквата била обновена, додека тетовскиот резбар Будимир Апостолски го реставрирал стариот иконостас.[5]

Remove ads

Архитектура

Фрескоживопис

Црквата не е фрескоживописана.

Икони и иконостас

Некои од иконите се дело на Дичо Зограф.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads