Црква „Св. Ѓорѓи“ - Какара
црква во Какара, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Какара, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Remove ads
Историја
Црквата се наоѓа во центарот на селото. Почнала да се гради на 5 мај 1924 г., а првата литургија е отслужена на 15 август 1925 г. Градбата претставува трикорабна сводеста базилика. Во 1987 – 1989 г. се направени неколку зафати: додадена е припрата, дел од храмот е живописан и изградени се крстилница и трапезарија.[1]
Во парохијата влегува и храмот „Св. Петка“.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads