Црква „Св. Ѓорѓи“ - Крлуково
црква во Крлуково, Зихненско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου Μικρόπολης) — црква во селото Крлуково, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Архитектонски особености
Цквата се наоѓа на селските гробишта. До неа во 1910 г. е изградена „Св. Благовештение“. На плоча на западната страна е напишн даумот кога е завршен храмот — 16 октомври 1841 г. Тремот во прво време бил на запад и југ, но подоцна останал само на запад. Во 1893 г. е изградена самостојна камена камбанарија во која е вградена римска надгробна плоча. Внатрешноста на црквата претрпела многу промени. Зачуван е оригиналниот иконостас со резбани царски двери. Забележителен е и дрвениот балдахин на чесната трпеза.[1]
Remove ads
Историја
Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била врховенството на Цариградската патријаршија.[2] Во средината на 1905 г. голем дел од селаните прешле на страната на Бугарската егзархија предводени од попот Иван Икономов.[3][4]
По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на Крлуково испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во кои се пожалиле на просвојувањето на црквата и училиштето од дејците на грчката пропаганда.[5]
Според Законот за спорните цркви и училишта од 1910 г. црквата ѝ припаѓа на заедницата која ја изградила, освен кога спротивниот табор сочинува двотретинско мнозинство. На 1 јануари 1911 г. храмот бил времено затворен додека не се утврди дали 2⁄3 од верниците се егзархисти.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads