Црква „Св. Атанасиј“ - Варош

црква во населбата Варош From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Варош
Remove ads

Свети Атанасиј претставува македонски православен храм, кој се наоѓа среде средновековната населба Варош[1], во непосредна близина на црквите „Свети Димитриј“, „Света Богородица – Пречиста“ и манастирот “Свети Архангел Михаил“.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Thumb
Црквата „Св. Атанасиј“ во почетокот на XX век
Thumb
Поглед кон црквата

За црквата не се зачувани никакви историски податоци, ниту се најдени натписи во самата црква, современи на нејзиното подигање и живописување. Тоа го усложнува нејзиното попрецизно датирање. Во врска со црквата, се спомнува само архимандритот Леонтиј, кој во 1622 година подарил еден псалтир на манастирот „Зограф“ на Света Гора.

Архитектонски одлики

Црквата има крстообразна форма. Куполата е изведена преку сферни триаголници, носени од четири монолитни столбови, од кои се сочувани само двата на источната страна. Во ѕидовите на црквата користен е антички градежен материјал, меѓу кои спаѓаат и погоре спомнатите столбови.

На олтарната апсида, која однадвор е тространа, се наоѓа убаво пропорциониран бифорен прозорец со камена колонета. Над влезната врата од западната страна, во тимпанот, сочувана е фреската со ликот на свети Атанасиј. Црквата е градена во комбинација на правилни тесаници и цигла, што претставува карактеристичен начин на ѕидање и оживување на фасадите во XIV век. Во текот на времето, во населбата Варош, многу цркви се урнати до темел, а некои од нив, како „Свети Атанасиј“, сериозно се оштетени. Од првобитниот живопис, кој целосно е уништен, сочувани се видливи траги на јужниот ѕид.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads