Црква „Св. Атанасиј“ - Рилево

црква во селото Рилево From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Атанасиј“ - Рилевоmap
Remove ads

Свети Атанасиj – главна и единствена црква во селото Рилево.[1] Сместена е во крајниот северозападен дел од селото.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Според ктиторскиот натпис во прозорецот на јужната певница, црквата била изградена од мајсторот Иван од Кичево. Фрескописана била во 1626/1627 година од зографот Јон од грамоското влашко село Линотопи.[2][3][4]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Влезот е сместен на источната страна. На јужниот ѕид има ниша со фреска, а фрескописан и источниот ѕид во делот над апсидата. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана. Фреските се со понизок квалитет. Фигурите се со рамни тела, без снага и без хармонични пропорции.[5][6]

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се неоѓа непосредно од левата страна од влезот на црквата. Таа има шестаголна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на источната страна и пред него има натстрешница покриена со ќерамиди, додека над натстрешницата има квадратно окно.

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads