Црква „Св. Богородица“ - Сенце
црква во селото Сенце From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Богородица — главна селска црква во горнореканското село Сенце.[1] Црквата е сместена во источниот дел од селото, на височина која доминира во однос на остатокот од селото.
Remove ads
Историја
Црквата во 2019 година била ограбена и притоа од нејзе биле одземени неколку икони, сребрен крст и пари.[2]
Архитектура
Градбата на црквата има четириаголна основа со осумаголна апсида во задниот дел. Објектот е изграден од камен и е покриен со лимен кров. Главната влезна врата се наоѓа на северната страна и над неа има ниша со слика на Богородица со Исус изработена на мермер, додека на западната страна има споредна врата. Апсидата на црквата е украсена со по една ланцетна вдлабнатина на секоја од страните.
Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат камбанаријата, помошен објект и гробни споменици. Камбанаријата е со примитивен изглед и се состои од метални столбови кои образуваат квадратна основа со лимен кров.
Remove ads
Галерија
- Влезната порта од дворот на црквата
- Слика на Богородица со Исус
- Споредната влезна врата
- Апсидата на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Помошен објект во дворот на црквата
Поврзано
- Сенце
- Тетовско-гостиварска епархија
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Мавровска парохија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads