Сенце

село во Општина Маврово и Ростуше From Wikipedia, the free encyclopedia

Сенцеmap
Remove ads

Сенце — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река, сместено на патот помеѓу градовите Гостивар-Дебар.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Селото е скоро секогаш во сенка, па се претпоставува дека од таму доаѓа и самото негово име.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Панорама на селото

Сенце се наоѓа во областа Горна Река, во средишниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на северозападната падина на планината Бистра.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.100 метри.[3]

Селото е сместено на Бистра, кон Баричката Клисура, малку пониско од Беличица. Сепак е сместено доста високо во планината.[2]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ѓафа Сенцес, Враца, Суходол, Ливада те Ме, Требишка Рупа, Острво, Под-Камен, Ѓулус Камен, Стари Лоз, Красниче и Самарница.[2]

До него води тесен асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Маврово-Дебар.

Remove ads

Историја

Во 1852 година жителите на Сенце го помагаат издавањето на книгата „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ.[4]

Во XIX век, Сенце било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Селото зафаќа простор од 17,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина 1.000 хектар, пасиштата заземаат 544 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 84 хектари.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сенце било село со 100 домаќинства и 279 жители, од кои 72 Албанци муслимани и 207 Албанци православни христијани.[6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 315 жители, од кои 195 биле запишани како Албанци правослани, а 120 Албанци муслимани.[7] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сенце имало 108 Албанци.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сенце се води како чисто албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 38 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци и 100 Албанци.[10]

Селото е мало и во 1961 година броело 234 жители, од кои 98 биле Албанци, 84 Македонци и 50 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 78 жители, од кои 66 биле Албанци, а 12 жители Македонци.[3]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Сенце, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Сенце живееле 21 жител, од кои 5 Македонци, 15 Албанци и 1 Бошњак.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 4 Македонци, 15 Албанци и 6 лица без податоци.[12]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Сенце:

Повеќе информации Година, Македонци ...

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Според податоците кои ги собрал Томо Смилјаниќ - Брадина во периодот од 1912-1914 година, во селото Сенце живееле следните православни родови: Леревит, Серафимовит, Цицкавит и Балковит.[2]

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Сенце се наоѓале Беличица, Бибање, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница и Тануше. Општината Трница постоела и во периодот 1950-1952 година, во која влегувале селата Беличица, Волковија, Врбен, Кичиница, Сенце и Трница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0478 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 59 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Богородица“
Цркви[15]
Џамии[15]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads