Црква „Св. Димитриј“ - Пожари

црква во Пожари, Берско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — црква во селото Пожари, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]

Кратки факти Свети Димитриј, Место ...

Црквата е гробишен храм сместен во месноста Палиохора (Старо Село) источно од селото. Изграден е од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив и трем од јужната страна. Апсидата на исток е полукружна со псевдопиластри, над кои има релјефи со геометриски фигури, тркала и мазги — симболи на занаетчиските еснафи кои служат како украси и заштита од зло. Според сознание на мештаните, во храмот имало и женска црква и живопис. Денес во североисточниот столб, под современиот слој се забележуваат растителни украси насликани со сино.[1]

Иконостасот на црквата е обичен и направен од дрво. Некои од иконите на него се од XIX век. Во храмот има евангелие опковано со сребро, дело на извесен Теодор.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads