Црква „Св. Димитриј“ - Тетово

From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Димитриј“ - Тетово
Remove ads

Свети Димитриј претставува македонска православна црква во Тетово. Се наоѓа на локацијата на градските гробишта, на северозападниот дел од градот. Површината на црквата изнесува 0,94 ари. Порано тука постоела помала црквичка - параклис, а на нејзиното место изградена е денешната црква посветена на „Свети Димитриј“. Градбата започнала во 1906 година и траела сè до 1912 година. Ктитор на истата бил Захарије Манојловски. Осветена е три години подоцна, во 1915 година. Преосветена е повторно во 1958 година од страна на првиот македонски архиепископ на возобновената Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква Господин Господин Доситеј.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата е грдаена од камен и полна цигла и се смета за објект од тврд материјал. Во 1990 година извршена е целосна реконструкцијана објектот. Сменета е целосно кровната конструкција, извршена е замена на врати и прозорци со нови, замена на електричната инсталација, замена на подот со пластични подни плочки, поставена е ламперија на плафонскиот дел извршено, изведени се молерофарбарски работи.

Црквата во повеќе наврати била ограбувана.[1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads