Црква „Св. Марина“ - Рендина
црква кај Рендина, Лагадинско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Марина (грчки: Αγίας Μαρίνας) — црква кај селото Рендина, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа јужно од селото. Има забележителна архитектура. Претставува еднокорабен храм во византиски стил со купола. Изградена е во 1869 г. од епирски мајстори, автори на црквата „Св. Димитриј“ во Горно Ставрос, како што е означено на натпис на црквата. Храмот е подигнат врз урнатините на постара градба, веројатно храмот на Артемида во древниот град Аретуса. Султанот на црквата ѝ дал 400 декари обработливо земјиште. Реставрирана е по 1980 г.[1][2]
Во црквата е најдена икона од 1864 г. на која е претставен прочуениот борец Лиј (на неа наречен Леон), познат од судбината на Димитрија Солунски.[3]
Во 1969 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads