Црква „Св. Никола“ - Крушеани
црква во Крушеани, Прилепско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — селска гробишна црква во прилепското село Крушеани, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на влезот во селото Крушеани од насока на Обршани. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на 1 километар јужно од селото Крушеани, крај патот за Обршани (Р2335).[2]
Историја
Изградена во периодот од 1970 до 1976 година врз темели на старо црквиште откриено во 1950-тите од антропологот Јован Трифуноски.[2] Осветена е на 25 јули 1976 година од митрополитот Ангелариј Пелагониски,[3] подоцна поглавар на МПЦ.
Архитектура
Во архитектонски поглед, храмот претставува еднокорабна засводена градба,[3] со влезен трем и полукружна апсида кон исток. Има и придружна трпезарија во црковниот двор.
Галерија
- Апсидата
- Трпезаријата
- Селските гробишта
- Селските гробишта
- Влезот
- Западната страна
- Поглед на црквата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads