Црква „Св. Никола“ - Оморани (селска)
црква во Оморани, Велешко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Никола — стара селска црква во азотското село Оморани, Македонија.
За други значења на поимот, погл. Црква „Св. Никола“ - Оморани.
Remove ads
Местоположба
Црквата во близина на потегот Старо Село, каде некогаш се наоѓало селото Оморани, недалеку од десниот брег на реката Бабуна.
Историја
За црквата нема податоци кога била изградена, освен дека е подигната по 1601 година.[1]
Според извршен увид во 2022 година во рамки на проект „Мониторинг на православното културно наследство“ било утврдено дека остатоци од црква не постојат и дека денес е видлива само трпезаријата кај селските гробишта.[2]
Архитектура
Црквата е еднокорабна градба со полукружна апсида на исток и отворен трем на западната страна. Подоцна е целосно обновена, со што е изгубена нејзината споменична вредност. Единствени траги за нејзиниот изворен изглед има во документацијата на Националниот конзерваторски центар, каде се вели дека му припаѓала на поствизантискиот период и имала зачуван живопис во апсидата со претстава на Богородица Ширшаја и друг фрагмент десно од неа.[1]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads