Црква „Св. Петка“ - Марвинци

црква во селото Марвинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Марвинциmap
Remove ads

Света Петка — главна селска црква на валандовското село Марвинци, Македонија.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Thumb
Историска фотографија на црквата од 1931 година

Црквата се наоѓа на рид над селото, до која води земјен пат.

Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта на Марвинци.

Историја

Според народното предание, првобитната црква во селото била подигната во втората половина на XIX век. Нејзин градител бил познатиот неимар од селото Тресонче, Андон Китанов.[2]

Но, во 1913 година била запалена од грчките андарти и изгорела. Повторно, била изградена во 1926 година на местото на старата црква.[2]

За несреќа, во 1931 година била разурната од катастрофалниот Валандовски земјотрес, но со помош на верниците од селото, повторно била обновена.[2]

Remove ads

Архитектура

Според својата архитектурна форма, црквата е трикорабна, со дрвени рамни тавани, со нартекс на западната страна и со полукружна олтарна апсида на источната страна.[2]

Иконостас

Црквата има голем иконостас, долг над десет метри, изработен во 1927-1928 година. Царските двери потекнуваат од 1928 година, а иконите од 1927 година.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads