Црква „Св. Спас“ - Крушево (Валовишко)

пештерна црква кај Крушево, Валовишко From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Спас“ - Крушево (Валовишко)map
Remove ads

Свети Спас или Вознесение Христово (грчки: Αναλήψεως Αχλαδοχωρίου) — средновековна пештерна црква кај селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.

Thumb
Фреската „Распетие Христово
Кратки факти Свети Спас, Место ...

Црквата е сместена во пештерата Капе, засолната во јужните пазуви на планината Алиботуш (Славјанка). Има зачуван живопис од доцновизантискиот период.[1] Според преданието пренесено од Јордан Н. Иванов, изградена од некојси Трајче, кој тука се спасил во прогонот на христијаните. Месниот управник наредил да ја изгорат, но таа останала недопрена во пештерата.[2] Храмот „Св. Спас“ е сликовито опишан од поетот Пејо Јаворов во делото „Ајдучки копнежи“.[3] Во 1916 г. пиринскиот историчар и фолклорист Антон Попстоилов напишал:

На север од „Градиште“, на дното на пештерна клисура има пештера по име „Капè”, во која има пештерна црквичка „Св. Спас“, на атарската граница меѓу селата Крчово и Крушово. Таа црквичка е многу интересна бидејќи има остатоци од стар иконопис со словенски натписи. Иконописот и натписите се многу оштетени затоа што врз нив има втор слој малтер и иконопис од 1855 г.[4]

Во 1992 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads