Крчово
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Крчово или Крчево (грчки: Καρυδοχώρι, Каридохори; до 1927 г. Κίρτσοβο, Кирцово[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 60 жители (2021). Сѐ до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Мрвачко, на десната страна на реката Белица, во мала котлина при подножјето на планината Славјанка, на надморска височина од 800 м.[3] Се наоѓа на 27 км североисточно од општинскиот центар Валовишта и 7 км источно од Крушево.
Историја
Во Отоманското Царство
Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Крчова со 131 домаќинство.[4]
Населението на селото го носи името „Мрваци“ и традиционално се занимаваат со рударство. Во XIX век селото било едно од најголемите рударски центри во Мрвачко. Во Крчово работеле две печки и еден самоков. Самоковот престанал да работи кон крајот на XIX век. Истовремено железарството пропаднало, поради што започнува да изумира селото.
Во XIX век Крчово било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Селото има силен допринос во борбите за црковно-национална независност на македонците во XIX век. По зборовите на Васил К’нчов:
„ | Во селата Крушево, Крчово и неколку други во црквите се служи на словенски (македонски) уште од старо време.[5] | “ |
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крчово (Kërtchovo) имало 176 домаќинства и 580 жители Македонци.[6][7]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
„ | Крчово, на 3⁄4 часа од Крушово, во подножјето на Црвилово, крак на Љаљата. Бидејќи почвата е каменеста, населението претежно се занимава со сточарството; има и рудари. Во ова село и во Крушово околу 8 куќи и денес се занимаваат со ископ на железо. Егзархиска црква и училиште; до 50 ученици и 1 учител; 180 македонски куќи. Во селото пред црквата „Св. Атанас“ се наоѓа натпис...[8] | “ |
На почетокот на XIX век целото население на Крчово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но во 1870 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Крчово имало 1.150 жители, сите Македонци.[6][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крчово имало 1.424 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 48 ученици.[6][10]
Во Првата балканска војна, 36 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[11]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 312 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 481 лице.[3]
Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, поголемиот дел од населението (468 Македонци) принудно било иселено во внатрешноста на Бугарија и Пиринска Македонија (во Свети Врач и Светиврачко, Белица, Неврокоп и други[12]), а на нивно место се населиле 43 бегалски семејства (вкупно 170 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Каридохори (Καρυδοχώρι), во превод „ореово село“.[2]
Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 90 жители, бидејќи бегалците се иселиле. По Втората светска војна населението се вратило, но за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) во 1947 г. повторно се иселени, поради што во 1951 г. селото е евидентирано како напуштена населба.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува тутун, компири, жито и други земјоделски производи, а поради поволните услови внимание му се посветува и на сточарството.[3]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Крушево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Крушево, во кој влегува и истоименото село.
Личности
- Илија Крчовалијата, македонски револуционер.
Литература
- Mitrinov, G., E. Moutafov. The inscription on the front of the bell tower of the Valovishta District. – Papers of BAS. Humanities and Social Sciences. Vol. 2, No 1-2, 2015, pp. 24–31. ISSN 2367-6248.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads