Црква „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“ - Височани
црква во Височани, Драмско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат или Свети Тодор (грчки: Αγιοι Θεόδωροι) — црква во селото Височани, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Remove ads
Историја и архитектура
Црквата е гробишен храм, сместен во западниот дел на селото. Според ктиторскиот натпис во слепит свод над јужниот влез, црквата е завршена на 15 март 1815 г. за време на митрополитот Партениј Драмски.[1]
Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква, трем на западната страна и многуаголна апсида на исток. Храмот има димензии 15 × 10,60 м.[1]
На покровителската икона лево од јужниот влез на иконостасот, непосредно по силно оштетената икона „Пресв. Богородица со Младенецот“, во долниот десен агол има грчки натпис во четири реда:[2] „διά σινδρоμής κάι δα / πάνης τоυ τιμη[ό]τάτоν / βγλτζо ρωίδо και τσή(κ)νη(ν) / αγγελ γηώργη γήνη... / ...17...“, то ест „Со помошта и трошоците на почитуваниот Вулчо Ројдо и Ци(к)ни(н)... Ангел Ѓорѓи Гини...“[3] “
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads