Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари

црква во селото Гари From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гариmap
Remove ads

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Гари — главна селска црква во дебарското село Гари. Изградена е во XIX век. Црквата претставува правоаголна базилика.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...

Црквата се одликува со особено богат фрескоживопис, кој бил насликан од Дичо Зограф и неговата тајфа, богатиот иконостас изработен од гарците Марко, Јован и Петре Филиповски, како и иконите изработени од гарци.

Црквата во Гари, како и во останатите мијачки села е оградена со бедем.

Remove ads

Историја

Црква била завршена во 1860 година, а на самата црква за нејзино фрескоживописување работеле мајсторите Дичо Зограф, син му Аврам Дичов и ученикот Петар Јованович. Во богатиот иконостас на црквата се наоѓаат и икони изработени од Дичо Зограф во периодот 1857-1866.[1]

Сепак се верува дека црквата во Гари е многу постара, околу три века.[2]

Црквата била осветена во 1866 година.

Кражба

Во септември 2011 година во црквата била извршена тешка кражба, каде биле одземени два метални крста, седум „Ареолиот“ икони, пет сребрени икони од внатрешноста на олтарот и околу 4.000 денари.[3]

Remove ads

Внатрешност

Фрескоживопис

Црквата се одликува со доста богат и зачуван фрескоживопис. Фреските во црквата се наоѓаат насекаде и нема ниедно празно место, па така дури и на горниот кат во црквата се наоѓаат интересни и богати фрески. Сите фрески од црквата се изработени од страна на Дичо Зограф, неговиот син Аврам Дичов и ученикот Петар Јованович.

Една одлика на црквата е окото нацртано во триаголник, за кое се верува дека ве следи било како вие да се движите. Овој симбол најчесто се поврзува со слободното ѕидарство, но сепак не може да се поврзе веднаш со тоа. Покрај овој знак, во црквата се наоѓа и сонце со 16 краци на сонцето, кое селаните го сметаат за симбол на Мијачко.[2]

Дичо ги насликал фреските во внатрешноста на црквата, која е позната по тоа што на еден свој свод ја има фреската на Богородица со ангелски крилја, што е редок мотив во македонските цркви.

Фрескоживописот бил обновен во текот на 1986 година.

Иконостас

Покрај богатиот фрескоживопис, за иконостасот се погрижиле познатите копаничари Петре Филиповски Гарката и неговите браќа Марко и Јован Филиповски, кои потекнуваат од Гари.

Remove ads

Предмети

Во црквата се чуваат и коски донесени од Ерусалим, за кои се верува дека носат здравје и живот.[2]

Галерија

Внатрешност
Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads