Чавалер

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чавалер
Remove ads

Чавалер (грчки: Κοιλάδι, Килади; до 1927 г. Τσαβαλέρη, Цавалери[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1 жител (2021).

Кратки факти Чавалер Κοιλάδι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Населица, северно од Жупан и југозападно од Лапчишта, на помалку од 5 км југозападно од Царишта.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на ХІХ век Чавалер се води како муслиманско гркојазично село во Населичката каза.

Чавалер е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век. Според статистика на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Чавалер (Τσαβαλέρ) живееле 150 Валахади (Грци-муслимани).[4] Поради отсуството од други негрчки статистики и пристрасноста на грчките, исправноста на податокот за народноста не е утврдена со сигурност.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Чавалер е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 170 жители,[5] а во 1920 г. имало 146 лица.[3]

Кон средината на 1920-те жителите се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор и на нивно место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото е заведено како наполно дојденско, со 112 жители (31 семејства).[6] Во 1927 г. името му е сменето во Килади, што е изведено од поимот за „долина“.

Во 1940 г. Чавалер имал 160 жители, а следната 1951 г. достигнало 178 лица. Во 1960-тите населението почнало да се иселува и бројот на жители драстично се намалил.[3] Во следните десетлетија населението продолжило да се намалува, за да доживее уште еден бран на големо иселување во 2000-тите, по кој во 2011 г. се свело на само 3 жители.

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads