Чаковец (Ресава)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Чаковецархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Ресава. Претставува населба од неолитот и некропола од римско време.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Се наоѓа на околу 2 км источно од селото, од левата страна на патот за селото Дабниште, односно десно од Дабнишка Река. Претставува ридска височина чија јужна страна стрмно се спушта и има отворен поглед кон коритото на реката. На другите страни се надоврзува на слични височини меѓусебно поврзани или одвоени со суводолици. Всушност, Чаковец и неговата околина се дел од масивот на планината Кожуф што како гребен се спушта кон селото и Црна Река.[1]

Remove ads

Ископувања и наоди

На врвот има нерамно плато, издолжено во правец север-југ, со простор од околу 6 хектари на кој се среќаваат фрагменти од неолитска керамика од поголема населба. Во 1986 г. Музејот на Македонија извршил пробно ископување при што во културниот слој од 2 м се утврдени два хоризонта на живеење.

Според типолошките одлики кај керамиката, во постариот хоризонт понагласено се присутни елементи од постариот неолит на Пелагонија, а во помладиот хоризонт елементи од постариот неолит на источна Македонија. Во источниот дел на наоѓалиштето се откриени надгробни стели и една урна.[1]

Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads