Дабниште
село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дабниште — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото потекнува од „дабовата гора“, која постоела во околината на селото.[2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води во областа Витачево.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 420 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 9 километри.[3]
Атарот зафаќа простор од 8,5 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 328,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 351,9 хектари, а на шумите 121,2 хектари.[3]
Селото е од линиест карактер, поделено на три маала, Горно, Средно и Долно Маало.[2]
Remove ads
Историја
Селото било христијанско од чифлички тип. Во него биле сместени две беговски кули во турско време. Поголемиот дел од населението се доселеници.[2]
Во XIX век, Дабниште било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Селото има мешовита полјоделско-сточарска функција.[3]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Дабниште имало 203 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дабниште имало 208 жители.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е мало, на пат за целосно раселување. Така, во 1961 година броело 281 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 43 жители, македонско население.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Дабниште имало 27 жители, од кои 26 Македонци и 1 Србин.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, од кои 6 Македонци и 4 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Како родови во Дабниште се споменуваат:[2]
- Старинци: Ѓоровци (1 к.). и Атанасовци (4 к.)
- Доселеници: Шалевци (1 к.) доселени се од селото Бегниште. Подалечно потекло од Мариово; Бакевци-Митревци (1 к.) доселени се од селото Ваташа, уште подалечно потекло од селото Пепелиште; Крачевци-Ајазовци (5 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од областа Азот; Сејменовци (1 к.) доселени се однекаде; Мирчевци (1 к.) доселени се од селото Врпско во Мариово; Барамачовци (3 к.) доселени се од селото Полчиште во Мариово на почетокот од XIX век. Во тоа време некои од нив се иселиле и во селото Бегниште. А имаат роднини и во селото Полчиште; Грковци (4 к.) доселени се од селото Бегниште. Уште подалечно потекло од околината на Бер во Грција; Колчевци (2 к.) доселени се од селото Конопиште; Илевци (1 к.) доселени се во 1860 година од селото Кошани, таму се доселиле од селото Бегниште. А во Бегниште од некое село во Азот; Бакарјовци (3 к.) доселени се во 1870 година од селото Гарниково, а таму од некое село во Азот; Туковци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Клиново во Мариово; Левовци (3 к.) доселени се исто така од селото Клиново; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Сакалијовци (1 к.) доселени се од селото Рожден во Мариово; Миндевци (2 к.) доселени се од селото Зборско во Меглен; Ицковци (1 к.) доселени се од селото Добротино; Ставровци (2 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од Мариово; Мајсторовци (3 к.) доселени се од селото Бунарче. Уште подалечно потекло од селото Бегниште.
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Дабниште се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0700 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Брушани, Дабниште и Ресава, кое е сместено во објект на општината, поранешно основно училиште во село Ресава.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 111 гласачи.[15]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Грамаѓе — населба од римското време;
- Желковица — некропола од римското време; и
- Куќиште — населба и некропола од римското време.
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква
Редовни настани
- Голема Богородица — селска слава
Личности
- Боно Коцев Ангелков — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads