Штурово

село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Штуровоmap
Remove ads

Штурово — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Кратки факти

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Сретселото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Штурово во XX век (1900 г.). Името е придавско изведено од штур со значење на скуден, мршав, празен или пуст или пак од антропонимот Штур(о) со значење „за човек празен, празноглав, глупав“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од штурец.[4]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужните падини на планината Плачковица.[5] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 750 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 7 километри.[5]

Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 451 хектар, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на обработливото земјиште 68 хектари.[5]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Штурово живееле 134 Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[9]

Штурово е мало село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 80, а во 1994 година само 24 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Штурово живееле 11 жители, сите Македонци.[2]

До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads

Самоуправа и политика

Во XIX век, Штурово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1604 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[6]
Споменици
  • Споменик на НОБ пред влезот на селото

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads