From Wikipedia, the free encyclopedia
Јамната култура, исто така позната како култура на окерниот гроб, е археолошка култура од доцниот енеолит до раната бронзена доба во регионот помеѓу реките Јужен Буг, Дњестар, и Урал (Понтско-касписката Степа), во периодот од 3300–2600 п.н.е.[1] Била откриена од Василиј Городцов по извршените ископувања близу реката Доњец во 1901–1903. Името на оваа култура доаѓа од карактеристичната погребна традиција: јамна (Я́мная) се однесува на јамите кои овие луѓе ги копале во тумули (кургани) и во кои ги погребувале мртвите, во карактеристична положба на грб со свиткани колена. Телата биле покривани со окер. Во нивните гробници се пронајдени и остатоци од крави, коњи и свињи, како и делови од стари запреги.
Други називи |
|
---|---|
Географски опфат | Понтско-касписката Степа во Европа |
Раздобје | бакарно време, бронзено време |
Години | ок. 3300 – 2600 п.н.е. |
Откривач | Василиј Городцов |
Економијата на Јамната култура се засновала на сточарство, риболов, и потрага по храна, како и производство на керамика, алатки и оружје.[2] Луѓето од културата Јамна живееле примарно како номади, со систем на поглаварство и користеле коли и запреги што им овозможило да одгледуваат големи стада.[3]
Денес скоро постои консензус дека заедничкиот предок на сите индоевропски јазици, со можен исклучок на анадолските јазици, потекнуваат од Понтско-касписката степа, и овој јазик се поврзува со луѓето од јамната култура.[4] Дополнително, Понтско-касписката степа во моментов се смета за најверојатен кандидат за правобитната татковина (германски, Urheimat) на праиндоевропскиот јазик, вклучувајќи ја и анадолската гранка на јазици.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.