![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/69/Kolarov_Serbia.jpg/640px-Kolarov_Serbia.jpg&w=640&q=50)
Александар Коларов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар Коларов (р. 10. ноември 1985.) — српски професионален фудбалер, кој настапува за калчолигашот Рома и за репрезентацијата на Србија како лев бек, но Коларов исто така знаел и да одигра на централната дефанзивна позиција.Тој од време на време е заменик капитен на Србија, веднаш после Бранислав Ивановиќ. Тој бил именуван за најдобар фудбалер на Србија во 2011-2012 година.[3][4]
Александар Коларов | |||
---|---|---|---|
![]() Коларов на Светското првенство во фудбал 2018 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Александар Коларов[1] | ||
Роден на | 10 ноември 1985(1985-11-10) (38 г.) | ||
Роден во | Белград, СФР Југославија | ||
Висина | &100000000000001870000001,87 м[2] | ||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Рома | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
1999–2004 | ФК Црвена Ѕвезда | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2004–2006 | Чукарички | 44 | (2) |
2006–2007 | ОФК Белград | 38 | (5) |
2007–2010 | Лацио | 82 | (6) |
2010–2017 | Манчестер Сити | 165 | (11) |
2017– | Рома | 65 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
2006–2007 | Србија 21 | 11 | (1) |
2008– | Србија | 82 | (11) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 May 2019 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 7 May 2019 |
Коларов ја започнал својата кариера во Црвена Ѕвезда Белград, но во 2004 година не се пробил во првиот тим, па затоа и се преселил во Чукарички. Две години подоцна, тој се приклучил на белградскиот ОФК Белград пред да се пресели во Серија А со трансферот во Лацио , каде што го освоил Купот на Италија и Суперкупот на Италија во 2009 година. Во 2010 година тој се преселил во Манчестер Сити, со кој освоил две Премиер Лига титули, ФА Куп и Лига Куп.
Коларов го направил своето највисоко меѓународно деби за Србија во 2008 година и оттогаш настапил над 60 пати. Коларов бил член на српската репрезентација на Летните олимписки игри 2008 - на машкиот турнир во фудбал и 2010 ФИФА Светско Првенство.