Ален Гинсберг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ирвин Ален Гинсберг (3 јуни 1926 - 5 април 1997 ) — американски поет, икона на хипи-движењето од втората половина на дваесеттиот век. Гинсберг е најпознат по своето дело Урлик (1956), една долга поема во која го дава суровиот реалистичен приказ на само-уништувањето на неговите пријатели од Бит генерацијата, како и деструктивните сили на материјализмот и конформизот на американското општество врз човековата личност.