Рокас (португалски: Atol das Rocas) — единствен атол во Јужниот Атлантски Океан,[1] кој припаѓа на бразилската сојузна држава Северно Рио Гранде. Се наоѓа околу 260 километри североисточно од Натал и 145 километри западно од архипелагот Фернандо де Нороња. Атолот е од вулканско потекло и создаден од корали.

Кратки факти Географија, Место ...
Атол Рокас
Thumb
Урнатини на стариот светилник, со новиот светилник во позадина
Thumb
Географија
МестоАтлантски Океан
Координати03°52′S 33°49′W
АрхипелагAtol das Rocas
Вкупно острови2
Поголеми островиФарол, Семитерио
Површина0,36 км2
Држава
РегионСевероисточен
ДржаваСеверно Рио Гранде
Демографија
Населениененаселен
Службен назив: Бразилски атлантски острови: Фернандо де Нороња и Атол дас Рокас
Тип:природно
Критериуми:vii, ix, x
Прогласено:2001 (25. заседание)
Број1000
Држава:Бразил
Регион:Латинска Америка и Кариби
Затвори

Опис

Thumb
Атол Рокас, Бразил, фотографиран од Меѓународната вселенска станица

Заоблениот атол е долг 3,7 километри и широк 2,5 километри. Лагуната е длабока 5 метри и има површина од 7,1 км2. Површината на двете островчиња (Остров Семитерио, југозападно и Фарол Кај, северозапад) е 0,36 км2. Фарол Кај учествува со две третини од вкупната површина. Највисоката точка е песочна дина во јужниот дел на поголемиот Фарол Кај, со височина од 6 метри. Обете островчиња се обраснати со трева, грмушки и неколку палми. Островчињата се населени од ракови, пајаци, скорпии, песочни болви, инсекти, лебарки и многу видови на птици.

Постои светилник на Бразилската морнарица кој е во употреба и се одржува од 1960-тите години на северниот крај на Фарол Кај. Во негова близина е уништен светилник од 1933 година.

Атолот е заштитено подрачје на дивиот живот и во 2001 година прогласен од УНЕСКО како светско наследство на УНЕСКО. Бројни желки, ајкули, делфини и птици живеат во областа. Атолот главно се состои од корал и црвени алги. Коралниот прстен е скоро затворен со широк канал од 200 метри на северната страна и многу потесен канал на западната страна.

Атолот и околните води се вклучени во Биолошкиот резерват Атол дас Рокас.

Моментално, резерватот се користи исклучиво за научно истражување. Поради неговата оддалечена местоположба, на островите нема човекови активности. Од друга страна, оддалеченоста ги спречува научниците да пристапат на островите и постојат само неколку студии. Ентомолошката фауна од Атол дс Рокас е веќе забележан.[2]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.