Басас да Индија
остров на Франција / From Wikipedia, the free encyclopedia
Басас да Индија (француски: Bassas da India; малгашки: Nosy Bedimaky) — ненаселен кружен атол во состав на Француските Јужни и Антарктички Земји. Се наоѓа во јужниот дел на Мозамбичкиот Проток, на половина пат меѓу Мозамбик и Мадагаскар и околу 110 км северозападно од островот Европа. Атолскиот обрач има просечна ширина од 100 м и опколува плитка лагуна не подлабока од 15 м. Атолот има пречник од 10 км и стрмно се издига 3000 м над морското дно. Зафаќа вкупна површина (заедно со лагуната) од 80 км2. Неговиот исклучив стопански појас зафаќа 123.700 км2 и е соседен на оној на островот Европа.[1]
Карта на Расеаните Острови | |
Географија | |
---|---|
Место | Мозамбички Проток |
Координати | 21°29′S 39°41′E |
Управување | |
Прекуморска територија | Француски Јужни и Антарктички Земји |
Округ | Расеани Острови |
Атолот се состои од десет пусти карпести островчиња без растителност и со вкупна површина од 20 ха. Оние на северната и источната страна се високи 2,1 до 3 м, а тие на западната и јужната се издигаат само 1,2 м над морето. Гребенот, чија брегова линија е долга 35,2 км, е целосно потопен под вода од три часа пред плимата до три часа по неа. Во ова подрачје дуваат циклони, што го прави атолот опасен за пловилата и место на бројни бродоломи.
Подводната планина Јагуар and гајотот Хол се наоѓаат на 40 односно 70 км на југозапад.