From Wikipedia, the free encyclopedia
Властимир Николовски (Прилеп, 20 декември 1925 - Скопје, 28 март 2001) - македонски композитор. Се категоризира во втората генерација македонски повоени композитори.
Властимир Николовски | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 20 декември 1925
Прилеп, Кралство СХС |
Потекло | Македонија |
Починал(а) | 28 март 2001
Скопје, Македонија |
Занимања | Композитор |
По завршувањето на студиите во Белград, Николовски се вработил во Средното музичко училиште во Скопје, а потоа предавал на Педагошкиот факултет и на Високата музичка школа (подоцна, Факултет за музичка уметност) во Скопје. Покрај тоа, тој бил музички уредник во Радио Скопје, претседател на Сојузот на композиторите на Македонија и на Сојузот на композиторите на Југославија. Во 1981 година бил избран за редовен член на МАНУ.[1]
Николовски бил еден од најплодните македонски автори на XX век, со околу 140 творби за најразлични состави. Особено маркантни се неговите вокално-инструментални композиции (ораториуми, кантати) и неговите оркестарски дела. Сепак, највисоките творечки дострели ги остварил на полето на хорската музика и во делата во кои доминира човечкиот глас. Во целото свое творештво Николовски се инспирирал од фолклорот, водејќи се од идејата дека треба да се одбегнуваат радикалните постапки на музичката авангарда од XX век, бидејќи тие се само „израз на творечката немоќ и стерилност“. Токму затоа, неговиот музички јазик е умерен, експресивен, со потпирање на духовното и фолклорното поднебје на Македонија.[1] Исто така, тој се занимавал и со публицистика при што напишал над 30 статии во кои обработува проблеми главно сврзани со македонското музичко творештво.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.