Дедо Иљо Малешевски
македонски ајдутин и револуционер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Илија Марков, познат како Дедо Иљо Малешевски или Иљо Војвода (28 мај 1822, Берово — 17 април 1898, Ќустендил) — македонски ајдутски и востанички војвода.[1][2][3][4][5][6][7] Кон средината на XIX век, создал ајдутска дружина и дејствувал во областа на Источна Македонија, главно во Малешевијата. Во летото 1859 година преминал во Србија. Во оружениот судир помеѓу Србите и Османлиите во Белград (5 јуни 1862) предводел 400 македонски доброволци во т.н. Иљова легија или Македонски одред.[8]
Илија Марков | |
---|---|
1822 — 1898 | |
македонски ајдутин и револуционер | |
Прекар: | капетан Иљо • дедо Иљо • Кара Иљо • Иљо Малешевски • Иљо Војвода |
Роден во: | Берово, Македонија |
Починал во: | Ќустендил, Бугарија |
Служба во: | Македонско национално движење |
Период на служба: | 1849 — 1878 |
Чин: | војвода |
Единици: | Иљова легија |
Битки/војни: | Српско-турска војна • Руско-турска војна • Српско-бугарска војна • Македонско востание |
Одличја: | национален херој |
Други занимања: | земјоделец • ајдутин |
Учествувал со македонски доброволци во Српско-турската војна во составот на Руско-македонскиот баталјон. Бил тешко ранет и се лекувал во Србија, а потоа заминал во Романија. Со македонски доброволци (ополченци) се борел и во Руско-турската војна во ослободувањето на Бугарија. Се истакнал во борбите на Шипка.
По ослободувањето на Ќустендил, со 150 македонски доброволци се одвоил од руската армија и учествувал во востаничкиот продор во Пијанец. Со своја чета од 200 до 300 востаници учествувал во Македонското востание. Опеан е во народните песни.