Драгољуб Ставрев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Драгољуб Ставрев (роден на 28 јуни 1932 во Скопје — починал на 23 декември 2003 во Скопје) ― македонски општественик и државник. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил главен уредник на весникот „Студентски збор“, претседател на Сојузот на младината на Македонија, претседател на ГК на СКМ - Скопје, потпретседател и претседател на Собранието на град Скопје за време на обновата и изградбата на градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, член на ЦК СКЈ, член и извршен секретар на Претседателството на ЦК СКЈ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Претседателството на СРМ. Објавил повеќе стручни и политички трудови, меѓу кои и книгата „Македонски современи политички теми“.
Кратки факти Драгољуб Ставрев, Градоначалник на Скопје ...
Драгољуб Ставрев | |
---|---|
Градоначалник на Скопје | |
На должноста 1969 – 1974[1] | |
Претседател | Тито |
Претходник | Благоја Попов |
Наследник | Методи Антов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 28 јуни 1932
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија |
Починал(а) | 23 декември 2003(2003-12-23) (возр. 71) Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Партија | КПМ |
Затвори