Жан Пол Сартр
фанцуски писател и мислител / From Wikipedia, the free encyclopedia
Жан Пол Сартр (англиски: Jean-Paul Charles Aymard Sartre; Париз, 21 јуни 1905 - Париз, 15 април 1980 ) — француски филозоф, писател (драматург и романописец) како и критичар од XX век. Неговото дело ја одбележа средината на векот, а неговиот интелектуален ангажиран живот поттикна разни полемики. Верен на себеси и на своите идеи, секогаш ги одбивал признанијата посебно Нобеловата награда за литература во 1964. Хиперактивна личност, тој е познат по своето дело, особено по неговите филозофски парадигми кои се групираат под името егзистенцијализам, како и по неговиот политички ангажман, радикална левица. Сартр е познат и по неговата долгогодишна врска со Симон де Бовоар.
Кратки факти Жан-Пол Сартр, Роден(а) ...
Жан-Пол Сартр | |
---|---|
Жан-Пол Сартр во 1950 | |
Роден(а) | 21 јуни 1905 Париз, Франција |
Починал(а) | 15 април 1980(1980-04-15) (возр. 74) Париз, Франција |
Период | Филозофија на XX век |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | Егзистенцијализам, Континентална филозофија, Марксизам |
Претежна дејност | Метафизика, Епистемологија, Етика, Литература, Политика, Феноменологија, Онтологија |
Значајни идеи | (Постоењето ѝ претходи на суштината - (француски: L'existence précède l'essence), Лоша среќа, Ништожност |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Затвори