Зеленика
вид растение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Зеленика или шимшир (науч. Buxus) — род од околу 70 видови во семејството зеленики (Buxaceae).
Зеленика | |
---|---|
Обична зеленика или шимшир (Buxus sempervirens) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Зелениковидни |
Семејство: | Зеленики |
Род: | Зеленика L. |
Видови | |
околу 70 вида; во текстот. |
Зелениката води потекло од западна и јужна Европа, југозападна, јужна и источна Азија, Африка, Мадагаскар, најсеверна Јужна Америка, Средна Америка, Мексико и Карибите, со тоа што најголемиот број видови се тропски или суптропски; само европските и некои азиски видови се отпорни на мраз. Центри на диверзитет наоѓаме во Куба (околу 30 вида), Кина (17 вида) и Мадагаскар (9 вида).
Ова се бавнорастечки зимзелени грмушки и мали дрва, кои растат до висина од 2-12 м (ретко до 15 м). Листовите се спротивставени, заоблени, ланцеолатни и кожести; кај највеќето видови се мали, со должина од 1,5-5 см и широчина од 0,3-2,5 см, но долги и до 11 см и 5 см во ширина кај B. macrocarpa. Цветовите се мали и жолтозелени, со обата пола на едно растение. Плодовите се мали капсули долги по 0,5-1,5 см (до 3 см кај B. macrocarpa) и содржат по неколку мали семиња.
Родот се дели на три генетски посебни отека, секој од различен регион - еден од Евроазија, друг од Африка (соврен северозападна Африка) и Мадагаскар, и трет од Америка. Африканските и американските отсеци се генетски посродни од евроазискиот отсек (Балтазар и др., 2000).