From Wikipedia, the free encyclopedia
Знамето на Панама е официјалното знаме на државата кое е создадено од страна на Марија Оса де Амадор на 1 ноември 1903.[1]. Знамето на Панама се прославува на 5 ноември, еден ден после Денот на независноста.
Знамето е составено од четири еднакви квадрати, два во бела боја, долниот лев во сина боја и горниот десен во црвена боја. Во горниот лев и долниот десен квадрат се наоѓаат две ѕвезди во сина и црвена боја. Белата боја симболизира мир, додека сината и црвената боја ги симболизираат најголемите политички партии во Панама во тоа време. Црвената боја ја симболизира либералната партија, додека сината конзервативната партија.[2] Првиот предлог за знаме на Панама е од 1823 година кое се состоело од 7 хоризонтални ленти во црвена и жолта боја. Во горниот лев агол имало син квадрат на кој имало приказ на две златни поврзани сонца што го претставувале Панамскиот Канал (линијата) и Северна Америка и Јужна Америка (сонцата). Ова се однесувало на географската позиција на Панама како конектор на двата континента, додека боите биле инспирирани од шпанското и колумбиското знаме, додека линиите од американското.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.