Кирил Лазаров
македонски ракометар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Кирил „Кире“ Лазаров (роден на 10 мај 1980 во Свети Николе) — македонски ракометен тренер на РК Алкалоид и поранешен ракометар кој последно настапуваше за француската екипа РК Нант, како и за Ракометната репрезентација на Македонија.[1] Лазаров се наоѓа на првото место на списокот на најмногу постигнати голови во рамките на Лигата на шампиони во ракомет, со постигнати 1256 погодоци во 18 сезони, правејќи го еден од најдобрите ракометари во историјата[2][3]. Лазаров се наоѓа и на првото место во категоријата најмногу постигнати голови на едно Европско првенство, со 61 гола. Со екипата на Барселона ја има освоено Лигата на шампионите.
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Име и презиме | Кирил Лазаров | ||
Роден(а) |
10 мај 1980(1980-05-10) (43 г.) Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1,93 м | ||
Тежина | 98 кг | ||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | РК Нант | ||
Број | 17 | ||
Младински клубови | |||
1991–1994 1994–1997 |
Овче Поле Борец | ||
Сениорски клубови | |||
1997–2000 2000–2002 2002–2007 2007–2010 2010 2010–2011 2011–2013 2013–2017 2017–2022 |
Пелистер Загреб Веспрем Загреб Ал Сад Сиудад Реал Атлетико Мадрид Барселона Нант | ||
Репрезентација | |||
1999– | Македонија | 237 (1699) | |
Дресот со бројот 7, односно цифрата што Лазаров ја има носено во македонската репрезентација и РК Загреб (како и варијации со бројот 17 во РК Нант), е поради југословенскиот и хрватскиот кошаркар Тони Кукоч кој во Лазаровото детство оставил голем белег како успешен спортист.[4][5]
Лазаров е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои и Спортист на Македонија за 2009, 2014, 2017, 2018 година. Добитник е и на два национални медали за заслуги од претседателот на Македонија Бранко Црвенковски (2009 година) и од претседателот Ѓорѓе Иванов (2011 година), а е прогласен и за Спортски Амбасадор на Македонија.