![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/af/Manuel_I_Comnenus.jpg/640px-Manuel_I_Comnenus.jpg&w=640&q=50)
Мануил I Комнин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Мануил I Комнeн (грчки: Μανουήλ Α' Κομνηνός, 28 ноември 1118 - 24 септември 1180) — византиски цар од династијата Комнини кој владеел од 1143 до 1180 година. За време на своето владеење, како и Јустинијан I се обидел да ги освои деловите на бившото Западно Римско Царство.[1]
Мануил I Комнин Μανουήλ Α' Κομνηνός | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
![]() Портрет на Мануил I (заедно со Марија од Антиохија - не е прикажана на сликата) во сочуван ракопис во Ватиканската библиотека во Рим. | |
Византиски цар | |
На престол | 5 април 1143 – 24 септември 1180 |
Претходник | Јован II Комнин |
Наследник | Алексиј II Комнин |
Роден(а) | 28 ноември 1118 Цариград |
Починал(а) | 24 септември 1180 (возраст: 61) |
Сопружник | Берта Зулцбашка Марија Антиохиска |
Деца | Марија Комнина Алексиј II Комнин |
Династија | Комнини |
Татко | Јован II Комнин |
Мајка | Ирина Унгарска |
Желен да го обнови неговото Царство на неговата мината слава како супермоќ во Средоземниот свет, Мануил водел енергична и амбициозна надворешна политика. Во тој процес тој направил сојуз со Папата Адријан IV и заживеаниот Запад, го нападнал норманското Кралство Сицилија, иако неуспешно, умешно го раководел преминот на крстоносците од Втората крстоносна војна низ неговото Царство, и воспоставил византиски протекторат над прекуморските крстоносни држави. Соочувајќи се со муслиманските напредувања во Светата земја, тој имал заедничка цел со Кралството Ерусалим и учествувал во заедничката инвазија на Фатимидскиот Египет. Мануил ја преобликувал политичката карта на Балканот и источното Средоземје, ставајќи ги Унгарија и крстоносните држави под византиска хегемонија и вршел агресивни кампањи против неговите соседи на запад и исток. Сепак, кон крајот на неговото владеење достигнувањата на Мануил на истокот биле загрозени поради сериозниот пораз во Битката кај Мириокефалон, која во голем дел резултирала поради неговата арогантност кога ги нападнал добро бранетите селџучки позиции. Иако Византијците се повратиле кај Битката кај Хиелион и Лемошеир и Мануил склучил поволен мир со султанот Килиџ Арслан II, Мириокефалон се покажал како конечниот, неуспешен обид на Царството да ја поврати внатрешноста на Анадолија од Турците.
По смртта Мануил бил наследен од неговиот син Алексиј (1180-1183), но набрзо потоа Византија била зафатена од граѓанска војна која на крајот довела до мешање со крстоносците и првиот пад на Цариград и на падот на Византија во 1204 години.