From Wikipedia, the free encyclopedia
Пинг-понг[1] (погрешно: пинг понг; уште познат и како тенис на табла и тенис на маса) — спорт во кој двајца или четворица играчи (два пара по двајца играчи) удараат малечко, шупливо пластично топче со помош на дрвени палки, насочувајќи го еден кон друг. Оваа игра е слична со тенисот на трева, со таа разлика што се игра на површината на една маса со мрежа на средината. Целта е да се удри топчето така што тоа ќе се префрли мрежата и ќе отскокне на противничката страна од масата на начин кој ќе го спречи противникот да стигне до него и да го врати кон противникот. Измислена во Англија во почетокот на XX век, играта наскоро се проширила низ целиот свет. Од средината на 1950 година, овој спорт станува доминантен во источноазиските земји. Од 1988 год. е прогласен за олимписки спорт во конкуренција за мажи и за жени.
Во почетокот тенисот на маса на англиски се викал table tennis. Пред огромниот успех што ќе го достигне овој спорт, две конкурентски претпријатија почнуваат да ја произведуваат неопходната опрема за играње: рекети, топчиња и маси. Едното претпријатие своите производи ги продава под името Пинг-понг, а другото под името Ваф-ваф. Од двете марки победува она чие име е Пинг-понг, бидејќи подобро го имитира звукот при отскокнувањето на топчето во контакт со рекетот или масата.
Пинг-понгот се игра на правоаголна маса со димензии 2,74 m x 1,525 m, а масата има височина од 76 сm. Површината на масата, секогаш со темнозелена или темносина боја, може да биде дрвена или пластична. Масата е поделена на два дела, со попречна мрежа, висока 15,25 см. Краевите се нацртани со бели линии, кои ја ограничуваат површината каде што може топчето да скокне во текот на играта. Цел на играта е да се добијат првите 11 бода со минимална разлика од два бода во однос на противникот, што значи и добивање на сетот. Топчето е изработено од посебен материјал со тежина од 2,7 грама, а тоа има обем од 40 милиметри.[2][3]
За да се освои партијата, играчите мора да освојат три или четири од петте, односно седумте предвидени сета. На почетокот на, партијата, пингпонгарот, кој со влечење ждрепка станува првиот опслужувач, почнува со удирање на топчето со рекетот од позицијата што се наоѓа пред основната линија. Топчето мора првин да отскокне еднаш во полето на опслужувачот, да помине над мрежата и да го допре полето на противникот. Пинг-понгот, заедно со бадминтонот се сметаат за едни од најбрзите спортови за рефлексна брзина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.