From Wikipedia, the free encyclopedia
Ахмет Мухудин Пири или познат како Пири Рејс (турски: Piri Reis; роден помеѓу 1465[1]-1470 во Галиполе - починал 1553 во Каиро, Египет[2]) — отомански адмирал и картограф, најпознат поради цртењето на светската карта која посебно ја прикажува Америка и „Книгата на морнарицата“ (Kitab-ı Bahriye) која ја напишал при неговите поморски патувања.
Пири Рејс | |
---|---|
Статуа на Пири Рејс | |
Роден(а) | Ахмет Мухудин Пири помеѓу 1465-1470 Галиполе, Отоманско Царство |
Починал(а) | 1553 (82–88 години) Каиро, Отоманско Царство |
Националност | Отоман |
Познат(а) по | Карта на Пири Рејс |
Роднини | Кемал Рејс |
Пири Рејс имал потекло од Караманија, Анадолија или од Галиполе[3][4] или во Караман (родното место на неговиот татко) во Централна Анадолија,[5]. Неговото семејство во периодот на владеењето на Селим I, по наредба на султанот било преселено во Цариград. Пири Рејс по некое време се преселил во Галиполе. Таткото на Пири се викал Караманли Хаџи Мехмед[5], а негов чичко бил Кемал Рејс, кој бил проучен морнар во тогашно време. Покрај неговиот чичко, тој бил запознаен со поморството, и во 1487 година го имал своето прво патување во Сицилија, Корзика, Сардинија и учествувал во нападите на бреговите на Франција.
Заедно со Кемал, Пири учествувал во битки против Шпанија, Република Џенова и Република Венеција, како Битката кај Пилос и биткатљ кај Модон.
До 1516 година, тој станал капетан на брод во отоманската флота. Учествувал во османлиското освојување на Египет во 1516-1717 година. Во 1522 година учествувал во Опсадата на Родос против Витезите на Свети Јован, која завршила со предавање на островот на 25 декември 1522 година и трајно заминување на витезите од Родос на 1 јануари 1523 година (витезите се преселиле накратко во Сицилија а подоцна трајно на Малта). Во 1524 година тој бил капетан на бродот што го одвел отоманскиот голем везир Паргали Ибрахим-паша во Египет, каде нацртал карта на реката Нил.
Во периодот помеѓу 1495-1510 имал наредба да ги контролира средоземните острови, и во овој периот тој ги опишал сите места, настани и обичаи што ги гледал на средоземните острови во својата книга (Kitab-ı Bahriye). По несреќната смрт на неговиот чичко во 1511 сè до 1513 година се затворил во областите на Галиполе и цело време размислувал за изработка на светска карта и допишување на неговата книга.
Во 1547 година, Пири станал адмирал или командант на османлиската флота во Индискиот Океан и адмирал на флотата во Египет, со седиште во Суец. На 26 февруари 1548 година тој го повратил Аден од Португалија, а во 1552 година и Мускат, која Португалија ја окупирала од 1507 година, и стратешки важниот остров Киш. Свртувајќи се источно, Пири Рејс се обидел но неуспешно да го освои островот Хормуз во теснецот Хормуз, на влезот од Персискиот Залив[6]. Кога Португалците го свртеле вниманието кон Персискиот Залив, Пири го окупирал полуостровот Катар за да ги лиши Португалците од соодветни бази на арапскиот брег.
Потоа се вратил во Египет, како старец кој имал околу 90 години. Кога одбил да го поддржи османлискиот валија на Басра, Кубад-паша, во друг поход против Португалците во северниот Персиски Залив, тој бил обезглавен во 1553 година.
Неколку воени бродови и подморници на турската морнарица се именувани по Пири Реис.
Искористувајќи ја предноста на своите забелешки тој успешно ги нацртал Атлантскиот Океан, Пиринејскиот Полуостров, западниот дел на Африка и делови која ја покираат една третина од источниот брег на Америка. Основно е она што ја прави оваа карта на светско ниво е големиот дел на остатокот на таа картата до денешен ден и тоа што ги пренесува до најтенките податоци на местата.
По освојувањето на Александрија проучениот морнар добил големи пофалби од страна на султанот, за време на престојот кај султанот тој му ја претставил и светстката картата. Останати се делови од картата. Според легендата, кога султанот Сулејман I ја видел картата рекол: „зарем толку бил мал светов” и ја искинал на пола и рекол „источниот дел ние ќе го имаме”.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.