1548
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1548 (MDXLVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1548 година од новата ера, 548. од вториот милениум, 48. од XVI век и деветта од 1540-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7056 и 7057 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6298 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5308 и 5309 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2301.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1548 година се протега во 4184 и 4185, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4244 и 4245 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2091. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 954 и 955 исламска година. Годината 1548 (MDXLVIII) била престапна година која започнала на ден недела според јулијанскиот календар.
Remove ads
Настани
- 26 февруари – Битката кај Аден помеѓу Османлиското Царство и Португалија. Оваа битка е дел од Османлиско-португалските војни.
- 7 јули – потпишан е договор за брак меѓу Шкотска и Франција, според кој пет годишната Мери, кралица на Шкотска, е верена со идниот крал на Франција Франсис II од Франција.
- Завршена е градбата на Џамија Шехзаде, која се наоѓа во Истанбул, Турција. Изградена во времето на Сулејман Величествениот, во чест на неговиот син Мехмет.
- Завршено е градењето на комплексот на бекташианското теќе наречено Арабати Баба, во Тетово.
Remove ads
Родени
- Џордано Бруно, италијански филозоф, астроном и окултист (умрел 1600)
- 2 септември - Винченцо Скамоци, истакнат италијански ренесансен архитект.
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
