From Wikipedia, the free encyclopedia
Поларни пустини ― региони на Земјата кои се наоѓаат во областите со поларна клима (означени како EF под Кепеновата класификација). И покрај тоа што вкупното количество на врнежи е многу ниско и можат нормално да бидат класифицирани како пустини, поларните пустини се разликуваат од вистинските пустини со ниски годишни температури и испарување. Повеќето поларни пустини се покриени со ледени плочи, ледени полиња или ледени покривки, а тие се нарекувани и „бели пустини“.[1]
Во поларните пустини се наоѓа еден од двата поларни биоми, а другиот е арктичката тундра. Овие биоми се наоѓаат на половите на Земјата, покривајќи голем дел од Антарктикот на јужната полутопка и на северната полутопка што се протега на Арктикот во Северна Америка, Европа и Азија. За разлика од тундрата која може да овозможи живот за растителниот и животинскиот свет во лето, поларните пустини се главно неплодни средини, кои опфаќаат постојани, дебели слоеви мраз;[2] поради недостигот на течна вода, истото важи и за неколкуте области без мраз. Сепак, постојат докази за некаков живот во овој навидум негостопримлив предел: седименти од органски и неоргански материи во густиот мраз што е дом на микробни организми тесно поврзани со цијанобактерии, способни да го задржат јаглеродниот диоксидот од водата што се топи.[3]
Температурните промени во поларните пустини често ја преминуваат точката на замрзнување на водата. Оваа алтернација „замрзнување-одмрзнување“ образува шарени текстури на земјата, дури со дијаметар од 5 метри.
Поголемиот дел од внатрешноста на Антарктикот е поларна пустина, и покрај густата ледена покривка. Спротивно на тоа, антарктичкитеј Мекмурдови Сувите Долини, иако немаат мраз со илјадници години поради горњакот, содржат краткотрајни, мали потоци и хиперсоленоводни езера кои се карактеристични за крајните неполарни пустини.
Поларните пустини се релативно вообичаени за време на ледените доба, бидејќи ледените периоди имаат тежнеење да бидат суви.
Климатолозите се загрижени за ефектите од глобалното затоплување на ледените полови во овие поларни биоми.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.