ликовен музеј во Мадрид, Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Музејот Прадо (шпански: Museo del Prado [muˈseo ðel ˈpɾaðo]), службено познат како Национален музеј Прадо (Museo Nacional del Prado), ― главниот шпански национален ликовен музеј, сместен во средиштето на Мадрид. Нашироко е сметан дека сместува едни од најдобрите светски збирки на европска уметност, која датира од 12 век до почетокот на 20 век, заснована на поранешната шпанска кралска збирка и единствената најдобра збирка на шпанската уметност. Основан како музеј на слики и вајарски дела во 1819 година, содржи и важни збирки на други видови дела. Музејот Прадо е едно од најпосетуваните места во светот и е сметан за еден од најголемите ликовни музеи во светот. Многубројните дела на Франциско Гоја, најобемно застапениот уметник, како и на Јероним Бос, Ел Греко, Петер Пол Рубенс, Тицијан и Диего Веласкес, се некои од главните претставници на збирката. Веласкес и неговото остро око и чувствителство биле исто така одговорни за носење на голем дел од прекрасната музејска збирка на италијански мајстори во Шпанија, сега најголемата надвор од Италија.
Надворешноста на Музејот Прадо | |
Основан | 1819 |
---|---|
Место | Пасео дел Прадо, Мадрид, Шпанија |
Тип | Ликовен музеј, историско место |
Посетеност | 852,161 (2020)[1] Рангиран 16. во светот (2020)[2] |
Директор | Мигел Фаломир[3] |
Јавен превоз |
|
Мреж. место | www.museodelprado.es |
Музејот Прадо (предна фасада) | |
Архитект | Хуан де Виљануева |
Неважечки статус | |
Службен назив: Национален музеј Прадо | |
Тип: | Непреместлив |
Критериуми: | Споменик |
Прогласено: | 1962 |
Број | RI-51-0001374 |
Во моментов, збирката содржи околу 8.200 цртежи, 7.600 слики, 4.800 графики и 1.000 вајарски дела, како и многу други уметнички дела и историски документи. Почнувајќи од 2012 година, музејот изложил околу 1.300 дела во главните згради, додека околу 3.100 дела биле на привремен заем на различни музеи и службени установи. Останатите биле во складиште.[4]
Поради пандемијата на КОВИД-19, во 2020 година посетеноста била намалена за 76 отсто на 852.161. Сепак, Прадо бил рангиран како 16-ти најпосетуван музеј на листата на најпосетувани ликовни музеи во светот во 2020 година.[5] Тој е еден од најголемите музеи во Шпанија.
Музејот Прадо е една од зградите изградени за време на владеењето на Карлос III како дел од грандиозната градежна шема дизајнирана да му даде на Мадрид монументален урбан простор. Зградата во која е сместен Музејот Прадо првично била замислена од Хосе Моњино и Редондо, гроф на Флоридабланка и била нарачана во 1785 година од Карлос III за реурбанизација на Пасео дел Прадо. За таа цел, Карлос III го повикал еден од неговите омилени архитекти, Хуан де Виљануева, автор и на блиската Ботаничка градина и Градското собрание на Мадрид.[6]
Прадо (значејќи „ливада“) каде што сега се наоѓа музејот го дала своето име на областа, Салон дел Прадо (подоцна Пасео дел Прадо) и на самиот музеј по национализацијата. Работата на зградата престанала на крајот на владеењето на Карлос III и во текот на Полуостровската војна и била повторно започната само за време на владеењето на внукот на Карлос III, Фернандо VII. Просториите биле користени како штаб за коњаницата и продавница за барут за наполеонските војски со седиште во Мадрид за време на војната.
Следните реновирања што ги претрпиел овој музеј, ги извршил британскиот архитект Норман Фостер. Ова реновирање било одобрено во јуни 2020 година и се очекува да трае најмалку четири години.[7]
Прадо, со блискиот Музеј „Тисен-Борнемиса“ и Музејот „Кралица Софија“, го створува Златниот триаголник на уметноста во Мадрид.
Во близина е Кралската Академија за ликовни уметности „Св. Фердинанд“. Археолошкиот музеј содржи дел од уметноста на Стариот Египет, Месопотамија, Грција и Рим, порано во збирката на Прадо.
Во близина е и Поморскиот музеј, управуван од Министерството за одбрана.
Во 2009 година, музејот Прадо избрал 14 од неговите најважни слики кои ќе бидат прикажани на Google Earth и Google Maps со исклучително висока резолуција, а најголемата е прикажана со 14.000 мегапиксели. Способноста за зумирање на сликите овозможува поглед одблиску на текстурата на бојата и фините детали.[8][9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.