Паоло Веронезе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Паоло Веронезе
Remove ads

Паоло Веронезе (италијански: Paolo Veronese; 152819 април 1588 ) — важен венецијански ренесансен сликар. Родено име му било Паоло Каљари или Паоло Калијари (Paolo Cagliari или Paolo Caliari)[1]. Го завикале „Веронезе“ бидејќи родум бил од Верона.

Кратки факти Паоло ВеронезеPaolo Veronese, Националност ...
Thumb
Гозбата во Левиевиот дом“ (1573), едно од најголемите платна на XVI век. Содржината на сликава довела до истрага од страна на Инквизицијата.
Thumb
Семејството на Дариј пред Александар“ (1570)

Како младич, Веронезе учел кај локалните венецијански уметници како Џовани Франческо Карото. Потоа за кратко се преселил во Мантова во 1548 (каде насликал фрески во главната катедрала, Дуомо) пред да се врати во Венеција и да ја започне својата плодна кариера.

Веронезе, Тицијан и Тинторето сочинуваат триумвират од најважните венецијански сликари од доцната ренесанса (1500-ти). Веронезе е познат како врвен колорист, како и по своите илузии во фреска и во масло. Највеќето негови дела се комплексни наративни виклуси, изведени во драматичен и разнобоен маниристички стил, полн грандиозни архитектонски окружувања и блескави свечени призори. Особено исклучителни се неговите големи слики на библиски гозби насликани за трпезарии во манастири во Венеција и Верона. Неговото кратко искуство со Инквизицијата често се споменува како увид во сликарските методи и тематики во тоа време.

Сликал и олтари, слики на митолошки теми и портрети. Во цикулација се и голем број на композициони скици во молив, мастило и туш, студии на тела во креда, како и кјароскуро модели и рикорди. Тој стоел на чело на неговата семејна ликовна работилница сѐ до неговата смрт во 1588 год.

Remove ads

Познати дела

  • Алегорија на Мудроста и Силата
  • Битка кај Лепанто
  • Гозбата во Левиевиот дом
  • Лукреција
  • Портрет на Даниеле Барбаро
  • Свадбата во Кана
  • Семејството на Дариј пред Александар

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads