Согут
From Wikipedia, the free encyclopedia
Согут (турски: Söğüt) е град кој се наоѓа во Билеџик, Турција. Населението на градот е околу 20.000 жители.
Кратки факти СогутSöğüt, земја ...
Согут Söğüt | |
---|---|
Музеј во градот, посветен на Ертугрул | |
Координати: 40°1′7″N 30°10′53″E | |
земја | ![]() |
Провинција | Билеџик |
Површина[1] | |
• реон | 530,21 км2 (20,472 ми2) |
Население (2012)[2] | |
• Градскo | 13.891 |
• реон | 19.842 |
• реон густина | 0,37/км2 (0,97/ми2) |
Затвори
Градот е познат по тоа што Отоманците својата империја ја основале во тој град. Во текот на 14 век, градот бил заземен од страна на племето Каји, кои претходно заедно со Селџуците воделе војни против Византија. Прв муслимански владетел на местото станал Ертугрул. Неговиот син, Осман бег успеал да ги покори соседните племиња и да го стави почетокот на Отоманското Царство, официјално од 1299 година. Во следните години Согут станал престолнина на Отоманците, од каде биле напаѓани позициите на Бурса. По заземањето на Бурса, престолнината се преместила во истоимениот град.