From Wikipedia, the free encyclopedia
Чарлс Бери (англиски: Charles Barry); (23 мај 1795 - 12 мај 1860 ) — истакнат англиски архитект, најпознат по изградбата на Вестминстерската палата во Лондон, како и некои други значајни места во Обединетото Кралство.
Чарлс Бери Charles Barry | |
---|---|
Роден(а) | Чарлс Бери 23 мај 1795 Вестминстер, Лондон |
Починал(а) | 12 мај 1860 64) Лондон | (возр.
Националност | Англичанец |
Награди | Кралски златен медал (1850) |
Зданија | Вестминстерска палата |
Бери е роден во Вестминстер, Лондон, како син на Волтер Едвард Бери[1]. Се школувал во приватно учичиште во Хоумртон и Асплеј[1]. По смртта на неговиот татко, тој наследил сума на пари која му овозможувала да патува низ целото Средоземје и Близок Исток, од 28 јуни 1817 до август 1820 година[2]. Така, во текот на тие години тој ја посетил Франција, Италија, Грција, Турција, Египет, Палестина (денешен Израел) и Сирија, потоа Сицилија и назад се вратил преку Италија и Франција. неговата посета на овие земји, посебно на Италија, му дале огромна инспирација за тој да стане архитект.
Неговата прва поголема работа му била доделена во 1824 година за кралската манчестерска институција за промоција на литература, наука и уметност (денес дел од Манчестерска уметничка галерија). По ова следувале неколку цркви во Манчестер, вклучувајќи ја и Црквата на сите Светители, која била срушена во 1854 година. Една од првите големи дела на сер Бери била црква црквата Свети Петар во Бригтон, каде употребил нов готски стил.
По опожарувањето и уништувањето на поголемиот дел од Вестминстерската палата, била покренета иницијатива за нејзино реновирање. Во 1836 година, по анализата на 97 конкурентски предлози, кралската комисија го избрала готскиот стил од планот на Чарлс Бери. Камен-темелникот бил поставен во 1840,[3] канцеларијата на управникот била завршена во 1847, а зградта на долниот дом во 1852 година. Поради ова, Бери бил прогласен за витез. Иако голем дел од работата била заврешна до 1860, конструкцијата била завршена една декада подоцна. Чарлс Бери, чиј архитектонски стил бил повеќе класичен отколку готски, цврсто се потпирал на Огастес Велби Пјуџин за раскошниот и карактеристичен готски ентериер, вклучувајќи тапети, гравури, витражи и мебел, како и кралските престоли и сводови.
Чарлс Бери починал на 12 мај 1860 година, и бил погребан во Вестминстерската опатија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.