Црна Гора
држава во Југоисточна Европа / From Wikipedia, the free encyclopedia
Црна Гора (црногорски и српски: Црна Гора / Crna Gora) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија.[6] Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град. Црна Гора има површина од 13.812 квадратни километри и население од 620.079 (според пописот во 2011 година).
Црна Гора Црна Гора Crna Gora |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Ој светла мајска зоро |
||||||
Местоположбата на Црна Гора (зелено) на Европскиот континент (темнозелено) — [Легенда] |
||||||
Главен град (и најголем) | Подгорица1 42°47′N 19°28′E | |||||
Службен јазик | црногорски | |||||
Народности (2011[1]) | ||||||
Демоним | Црногорци
(Црногорец/Црногорка) |
|||||
Уредување | парламентарна република | |||||
• | Претседател | Јаков Милатовиќ | ||||
• | Премиер | Дритан Абазовиќ | ||||
• | Претседател на собранието | Даниела Ѓуровиќ | ||||
Основана | ||||||
• | Прва независност на Дукља од Византија | 854[се бара извор] | ||||
• | Втора независност на Дукља од Византија | 1042 | ||||
• | Независност на Зета од Србија | 1360 (де јуре) 1356 (де факто) |
||||
• | Независност од Отоманското Царство | 1799 (де факто) 1878 (де јуре) |
||||
• | Независност од Србија и Црна Гора | 2006 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 13,812 км2 (160.) | ||||
• | Вода (%) | 1.5 | ||||
Население | ||||||
• | Попис 2011 | 620.029 | ||||
• | Густина | 50 жит/км2 (121.) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2018 г. | |||||
• | Вкупен | $11.381 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $18,261[2] (74та) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||
• | Вкупно | $4.020 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $6,424[3] (80та) | ||||
Џиниев коеф. (2020) | 32.9[4] среден |
|||||
ИЧР (2015) | ▲ 0.807[5] многу висок · 49та |
|||||
Валута | Евро (EUR ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .me | |||||
Повик. бр. | 382 | |||||
1 Традиционална престолнина е Цетиње. |
Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи[7][8][9]. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав победил во Битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин.[10] Од XI век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманското Царство, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласала за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.
Според Индексот на човеков развој, Црна Гора е класифицирана како развиена држава. Црна Гора е член на ООН, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа и различни меѓународни организации. Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ.