From Wikipedia, the free encyclopedia
Кеплер-186f — вонсончева планета која кружи околу црвеното џуџе Кеплер-186,[4][5][6] на околу 500 светлосни години од Земјата.[1] Ова е првата планета со полупречник сличен на Земјиниот, и воедно да се наоѓа во животопогодниот појас на друга ѕвезда. Откриена од вселенскиот телескоп „Кеплер“ на НАСА со помош на методот на премин, покрај останатите четири планети кои орбитираат поблизу до ѕвездата (сите малку поголеми од Земјата).[5] Потребни беа три години анализирање на податоците за да се открие нејзиниот сигнал.[7] Резултатите првично беа објавени на конференција на 19 март 2014 г.[8] и некои од поединечните детали беа објавени од медиумите во исто време.[9][10] Првото целосно јавно соопштение беше на 17 април 2014 г.,[2] по што следеше објава во списанието Наука.[1]
Вонсончева планета | Список на вонсончеви планети | |
---|---|---|
Матична ѕвезда | ||
Ѕвезда | Кеплер-186 | |
Соѕвездие | Лебед | |
Рекстацензија | (α) | 19ч 54м 36,651с |
Деклинација | (δ) | +43° 57′ 18,06″ |
Привидна величина | (mV) | 14.625 |
Оддалеченост | 492±59 сг (151±18[б 1] пс) | |
Физички особености | ||
Полупречник | (r) | 1.11±0.14,[б 2] 1.13–1.17[б 3] R⊕ |
Орбитални елементи | ||
Голема полуоска | (a) | 0.356±0.048,[б 2] 0.393–0.408[б 3] ае |
Орбитален период | (P) | 129.9459±0.0012[б 2] д |
Наклон | (i) | 89.9° |
Информации за откривањето | ||
Време на откривање | 17 април 2014 | |
Откривач(и) | ||
Метод на откривање | Премин | |
Место на октривање | Вселенска опсерваторија „Кеплер“ | |
Статус на откривање | рецензирана научна статија | |
Други ознаки | ||
KOI-571.05 |
Кеплер-186f орбитира ѕвезда со околу 4% од Сончевата сјајност со орбитален период од 129,9 дена и орбитален полупречник од околу 0,36[1] или 0,40[3] пати од оној на Земјата (споредено со 0,39 ае за Меркур). Животопогодниот појас за овој систем е проценета дека се протега на растојанија кој добиваат 88% до 25% од Земјиното осветлување (од 0,22 до 0,40 ае).[1] Кеплер-186f добива околу 32%, што го става во зоната но во близина на надворешниот раб, слично како и со местоположбата на Марс во нашиот Сончев Систем.[1] Ѕвездениот тек кој го прима Кеплер-186f е сличен со оној на Глизе 581d.[1]
Единственото физичко својство кое може да се добие директно од набљудувањата (покрај орбиталниот период) е односот на полупрачникот на планетата со тој на матичната ѕвезда, кој се добива како количество на прикривање на ѕвездена светлина за време на преминот. При мерењето овој однос изнесувал 0,021.[1] Ова дава вредност за планетарниот полупречник од 1,11±0,14 пати од оној на Земјата,[2][5] земајќи ја предвид и несигурноста на ѕвездениот пречник и степенот на прикривање. Оттука, се добива дека планетата има полупречник кој е поголем од полупречникот на Земјата за околу 11% (меѓу 4,5%помал и 26,5% поголем), со што се добива зафатнина која е поголема од Земјината за 1,37 пати (меѓу 0.87 и 2.03 пати).
Имаме можности за најразлични маси кои можат да се пресметаат со земање предвид на полупречникот со густините добиени од можните видови на материја од која можат да бидат изградени планетите, може да биде каменеста земјовидна планета или со мала густина океанска планета со густа атмосфера. Но не и, масивна атмосфера од водород/хелиум (H/He), бидејќи е неверојатно планета со полупречник помал од 1,5 R⊕. Планетите со полупречник поголем од 1,5 пати од оној на Земјата имаат способност да насоберат густи атмосфери кои би ги направиле непогодни за живот.[11] Црвените џуџиња одаваат многу посилно екстремно ултравиолетово зрачење (XUV) кога се млади а помалку во подоцнежниот развој, планетарната првична атмосфера би била изложена на повишено светлинско испарување (фотоевапорација) за време на тој период, кое пак во голема мера ќе ја отстрани секоја H/He-богата обвивка низ хидродинамичкото напуштање на атмосферата.[1]
Проценките за масата се менуваат од 0,32 M⊕ за планета целата од вода/мраз до 3,77 M⊕ ако целата е од железо (и двете невозможни екстреми). За тело со полупречник од 1,11 R⊕, и состав сличен на Земјиниот (1/3 железо, 2/3 силикатен камен) дава маса од околу 1,44 M⊕,[1] земајќија предвид поголемата густина поради поголемиот просечен притисок спореден со оној на Земјата. Кеплер-186f има показател за сличност со Земјата (ПСЗ) од 0,64.[12]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.